Фабриката за преработка на гас во Астрахан, јужна Русија, го запре производството откако избувна пожар во напад со беспилотни летала, објави Ројтерс утрово, повикувајќи се на три независни индустриски извори.

Овој напад е дел од поширока стратегија на Киев, која редовно ја таргетира воената и индустриската инфраструктура длабоко на руска територија. Целта на ваквите операции е да се намали борбената моќ на Москва, која продолжува со својата агресија против Украина.

Се очекува фабриката да продолжи со работа за неколку недели или месеци, според изворите. Пожарот ја зафати единицата за производство на гас и дизел кондензат, чиј годишен капацитет беше три милиони метрички тони. Поради нападот, продажбата на големопродажни пакети гориво од оваа фабрика на стоковната берза во Санкт Петербург веќе беше откажана завчера.

Фабриката е во сопственост на рускиот државен енергетски гигант Газпром. Градот Астрахан се наоѓа на приближно 650 километри од руско-украинската граница и на околу 815 километри од најблиската територија под контрола на Украина во близина на Костјантинивка во регионот Донецк.

фото: принтскрин

Текстот Нов напад со беспилотни летала: Украинците запреа со работа голем руски гасен објект е превземен од МАКФАКС.