Продолжува падот на цената на нафтата на берзите.
Нафтата „брент“ поевтини за 69 центи, или 0,9 отсто, на 76,75 долари за барел во 06.43 часот по Гринич, додека американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) падна за 67 центи, или 0,9 отсто, на 73,04 долари.
Како можен знак на слабеење на побарувачката, залихите на сурова нафта во САД се зголемија за околу 3,6 милиони барели во неделата што заврши на 5 мај, додека залихите на бензин пораснаа за 399.000 барели, објави во вторникот Американскиот институт за нафта, според пазарни извори. Податоците ги отфрлија очекувањата од осум аналитичари анкетирани од Ројтерс за намалување на залихите на сурова нафта за 900.000 барели и пад на залихите на бензин за 1,2 милиони барели. Податоците на американската влада за залихите на нафта се објавени во среда.
Изненадувачкото зголемување на залихите во САД заедно со помалиот увоз на сурова нафта и поблагиот раст на извозот во Кина во април ги влошија грижите за глобалната побарувачка на нафта.