Во вторникот наутро, Грац беше шокиран од веста за масакрот во училиштето, каде што напаѓачот убил 10 лица, а потоа извршил самоубиство, а само неколку часа подоцна имаше нов аларм.

Како што пишува „Кронен“, само неколку часа по масовното убиство во училиштето, имитаторите го искористиле пукањето како изговор за да упатат закани.

Имено, друга гимназија во Грац добила заканувачки повик во вторникот вечерта, изјави Франц Руф, генерален директор за јавна безбедност.

Закана била испратена и до централната станица во Грац во вторникот попладне, пишува „Кронен“ и додава дека истрагите за овие закани се во тек.

Текстот Нов аларм во Грац: само неколку часа по масакрот во училиштето, пристигнаа заканувачки повици е превземен од МАКФАКС.