
Русија започна нови артилериски напади врз Харкив, при што загина едно дете, објавија регионалните власти рано на 6 октомври, додека североисточниот украински регион тагува за десетици луѓе убиени од руски проектил во селото Хроза претходниот ден во еден од најсмртоносните напади врз цивили.
Едно 10-годишно момче беше убиено, а уште девет лица беа ранети во градот Харкив во текот на ноќта, изјавија на 6 октомври градоначалникот Ихор Терехов и регионалниот гувернер Олех Синјехубов.
“Детето е пронајдено под урнатините на станбена зграда. За жал мртво. Сочувство до родителите и роднините”, напиша Терехов на Телеграм.