Новото раководство на Клиниката за онкологија на чело со проф.д-р Игор Стојковски воведе двосменско работење во дневната болница. Целта е намалување на гужвите во дневната болница што беше мапирано како еден од најгорливите проблеми, како и подостоинствен третман на оваа вулнерабилна група пациенти во оваа институција каде се третираат најлолем број од малигните заболувања и единствена на терциерно здравство од овој вид.
Инаку, Клиниката за онкологија активно учествува во активностите за отворање онколошко одделение и обезбедување терапија за пациентите со малигни заболувања во ГОБ „8 Септември, каде се очекува амбулантно поликлничката дејност во областа на онкологија да профункционира за неколку недели, а целта е дисперзирање на терапијата и растоварување на работата на Клиниката за онкологија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.