Германија, ги заостри мерките за невакцинирани граѓани. Новите правила предвидуваат дека невакцинираните граѓани ќе останат без надоместоци за болест ако добијат корона, откако пред неколку дена и тестовите веќе не се бесплатни.
Пред неколку дена, германските власти објавја дека од понеделник и брзите тестови за невакцинираните веќе нема да бидат бесплатни, освен за деца, бремени жени и луѓе на кои не им е дозволено да се вакцинираат од медицински причини. Цената на тестовите во Германија е од 10 до 25 евра. Во исто време, тоа е цената на секое излегување за оние кои не ја примиле вакцината, бидејќи ќе им треба негативен тест каде и да одат, без разлика дали станува збор за кафе со пријатели или за одење на фризер.
Некои критичари тврдат дека оваа мерка ќе ги погоди сиромашните, бидејќи богатите граѓани кои се скептични за вакцините ќе можат да платат за тестирање без никакви проблеми, додека сиромашните ќе страдаат неспоредливо повеќе поради оваа одлука. Досега, во Германија, секој граѓанин можеше да се тестира за коронавирус еднаш неделно бесплатно во една од бројните аптеки, ординации или импровизирани центри за тестирање, или префабрикувани куќи или контејнери поставени на прометни места.