Пристигнаа нови информации за жртвите по рускиот ракетен терор денеска во Одеса. Засега се знае дека загинале 16 лица, меѓу кои и вработен во Државната служба за итни случаи. Спасувачите пристигнале да им помогнат на настраданите кога Русите го повториле нападот, објави ЦИВИЛ.
Повредени се 73 лица со различен степен на сериозност. Загуби има и кај персоналот на националната полиција, но податоци за загуби од овој вид не се соопштуваат.
Министерот за внатрешни работи, Игор Клименко им изрази сочувство на загинатите. Во меѓувреме, повеќе од 200 жители на Одеса и гости на градот даруваа крв за жртвите по непријателскиот напад, а уште стотина луѓе стојат во редици на местата за прием, се дознава од извори во Одеса.
ЦИВИЛ претходно објави дека нападот е извршен со ракети од типот Искандер (НАТО ознака: SS-26 Stone) истрелани од окупираниот Крим. Во овие напади е уништена трикатна зграда, а оштетени се најмалку десет куќи, бензинска пумпа, амбулантни возила и возила за брза помош.
Џ. Д.