Нови напади на Израел беа пријавени во јужен Бејрут.
Либанските државни медиуми објавија дека два удари ги погодиле јужните предградија на Бејрут, а над областа може да се забележи чад.
Веста доаѓа веднаш откако израелската војска издаде нови наредби цивилите во либанската престолнина да напуштат одредени згради.
ИДФ го потврди нападот на Бејрут: Цел беа разузнавачите на Хезболах
Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија нападот врз Бејрут.
Велат дека воените авиони лансирале проектили кон „разузнавачкиот штаб“ на Хезболах – цел за кој ИДФ соопшти дека веќе го погодиле со ракетен оган во последните денови.
Текстот Нови израелски напади врз јужен Бејрут е превземен од МАКФАКС.