Во новиот форензички извештај се наведува дека актерот Алек Болдвин сепак би можел да биде обвинет за убиство на сетот на „Раст“.
Новиот извештај вели дека Болдвин го повлекол чкрапалото на револверот што ја уби кинематограферот Халина Хачинс во 2021 година, што е спротивно на тврдењата на актерот.
Инаку, обвиненијата за убиство од небрежност беа отфрлени во април, бидејќи обвинителите го истражуваа неговото тврдење дека куршумот од револверот што го држел Болдвин за време на пробата излетал без тој да го повлече чкрапалото, убивајќи ја Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.
-Иако Алек Болдвин негира дека го повлекол чкрапалото, имајќи ги предвид тестовите, наодите и набљудувањата пријавени овде, чкрапалото мора да е повлечено или притиснато доволно за да го ослободи куршумот на доказниот револвер“, изјавија експертите за огнено оружје Лусиен Хаг и Мајк Хаг.