Судот во Милано и наложи на новинарката Џулија Кортез да и плати на италијанската премиерка Џорџа Мелони отштета од вкупно 5.000 евра, бидејќи ја исмевала на социјалните мрежи.
Новинарката исто така во октомври 2021 година доби условна казна од 1.200 евра поради исмевање на висината на премиерката на Икс (поранешен Твитер), а објави и ретуширана фотографија од Мелони и покојниот фашистички лидер Бенито Мусолини.
Кортез може да поднесе жалба на пресудата, а адвокатот на премиерката рече дека парите за отштета ќе бидат донирани во добротворни цели.
Фото: Х профил на Мелони