На Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, попладнево беше промовирана нова опрема во вредност од милион евра, средства обезбедени од Министерството за здравство.
– Мандатот го започнавме со една посета на Клиничката болница во Штип, каде кажавме дека продолжува проектот за завршување на Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика, условно кажано, од едно време во минатото, што оваа влада има амбиција да ги заврши и доколку тоа биде успешно, тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар, што долго се ветува, но, никако да се случи, изјави Мицкоски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.