На Канаѓанка која има проблем со дишењето и е дијагностицирано дека страда од климатски промени, бидејќи докторот заклучил дека топлотниот бран и лошиот квалитет на воздухот се одговорни за нејзината здравствена состојба.

Др. Кајл Мерит, кој ја напишал дијагнозата за жената која страда од астма, нагласил дека ова е првпат климатските промени да се наведат како причина за нечија здравствена состојба.

-Ако не ја гледаме основната причина, а само ги лекуваме симптомите, нема да напредуваме во лекувањето, вели Мерит.

Во јуни Канада беше погодена од историски топлотен бран по што следувапе сезона на густ чад предизвикан од шумските пожари. Токму пожарите довеле до тоа квалитетот на воздухот да стане 43 пати полош од нивото на прифатливо како безбеден.

Пациентката која е погодена од климатските промени ја добила дијагнозата брзо по топлотниот удар за кој др. Мерит вели дека директно придонел за влошување на нејзината состојба.