Никол Кидман го привлече вниманието пред хотел во Њујорк каде се одржа прикажувањето на еротскиот трилер Babygirl, во кој главната улога ја има 57-годишната актерка.
За оваа пригода Никол носеше црна ролка, широки сиви панталони и црни чевли. Таа ја пушти косата и носеше минимална шминка. Судејќи по фотографиите, актерката била добро расположена.
Нејзините фотографии деновиве се шират на социјалните мрежи. На X некои пишуваат дека Никол им изгледа премногу слаба, додека други пишуваат дека актерката никогаш не изгледала подобро.
„Сан“ пишува дека „Кидман одлично го портретира ликот во новиот филм благодарение на нејзиниот сексапил“.
Во филмот Babygirl, оскаровката игра успешен извршен директор и семејна жена која започнува афера со многу помлад практикант.
Текстот „Новата улога добро и стои“: Кидман снимена во Њујорк, покажа витка линија е превземен од МАКФАКС.