Новак Ѓоковиќ од 1 до 7 ноември има можност да ја освои својата шестата титула на АТП турнирот во Париз каде брка уште три рекорди.
Имено, со освојувањето на новата Мастерс титула, тој би се одвоил на прво место од играчот со најмногу титули од мастерс-турнирот, од Рафаел Надал, со кого сега заеднички ја држи лидерската позиција со 36 пехари.
Исто така, нов пласман во финалето би го подобрил неговиот рекорд од 53 на 54 учества во натпреварите за титула.
Надал е втор со 52, додека Федерер има 50 настапи во финалето на Мастерсот.Исто така, најважно, Новак има можност да ја зацементира титулата на крајот од сезоната.
Со тоа ќе ја заврши годината по седми пат како број еден и ќе го остави зад себе идолот од детството, Американецот Пит Сампрас, кој успеа шест пати.