Патрик Муратоглу, еден од најпознатите тениски тренери, ги спореди Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер со фудбалските великани, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Французинот смета дека Федерер е како Меси, природен талент, додека Ѓоковиќ е како Роналдо кој постигна многу со напорна работа.
„Вчера разговарав со пријател и се согласивме дека Федерер е како Меси, а Ѓоковиќ како Роналдо“, вели Муратоглу и додава.
„Зошто? Затоа што Федерер е чист талент и потребно е да го почувствува тоа што го прави. Од друга страна, Ѓоковиќ е супер работник кој внимава на секој можен детал”, вели Муратоглу.
Како и да е, Ѓоковиќ во текот на кариерата го надмина Швајцарецот во речиси сите можни категории.
Новак има четири Грен слем титули повеќе од тенисерот од Базел кој се повлече од тенисот во септември 2022 година.
Ѓоковиќ сезонава е без титула на АТП, има злато од Олимписките игри, а игра и на Мастерсот во Шангај кој го освои четири пати.
Текстот „Новак е Роналдо, Федерер е Меси“ е превземен од МАКФАКС.