Шминкањето на усните во зависност од нијансите ја истакнуваат енергијата и ставот на жените.
Кога станува збор за свечени пригоди жените најчесто ја избираат црвената нијанса на кармин, а тука се наоѓаат и розовите нијанси.
Во продолжение ќе прочитате нијанси кои вашите усни ќе ги направат природни, но со мал трик доволно моќни да засените секого.
Нашминкајте ги целосно природно усните, додадете кармин со боја која во себе содржи благ портокалов под тон.
Природната нијанса на кармин дополнете ја со моливче за усни и сјај само на средина на устата.
Мат кафените усни се совршен избор за девојки со силен став и енергија.