Пред неколку дена се појавија шпекулациите дека Лионел Меси ќе се врати во Барселона, откако лани го засили ПСЖ и потпиша договор до 2023 година, но очигледно нема да се случи такво нешто затоа што Аргентинецот има друг план.
„Мундо Депортиво“ објави дека Меси ќе остане во ПСЖ и следната сезона, по што во 2023 година ќе се пресели во САД, односно во тимот на Интер Мајами.
Откако ќе ја заврши авантурата во САД, тогаш би можел да се врати во каталонскиот гигант, каде што играше долги години, но само ако добие некоја функција во клубот.
Извор: sport1.mk