Од 5.074 украински државјани кои влегле во нашата земја, ниту еден од нив досега не поднел барање за азил за подолг престој во С Македонија. Од Владата велат дека овие граѓани во нашата земја влегле во рок од два месеца од 24 февруари до 24 април.
Advertisements
„Од нив 1.008 лица се на возраст под 16 години, додека 95 се постари од 70 години. Никој од Украина не поднел барање за азил“, Влада
Во меѓувреме продолжува собирањето на хуманитарна помош, која потоа со камиони се испраќа во Украина. Претседателот на Здружението на Украинци во Македонија, Олександар Урбановиќ, вели дека доколку им треба помош, ќе помогнат и Украинците кои дошле во С Македонија за да избегаат од војната. Оние кои дошле претежно се згрижени кај роднини.
„Досега во Украина се испратени 12 камиони или околу 20 тони помош. Приватни компании обезбедија поголема помош. Тие донираа два-три камиона од нивните производи и ние сме им благодарни. Но, благодарни сме и на оние граѓани кои донесоа дури и само торба облека. Потребна е претежно нерасиплива храна, бидејќи температурите веќе растат и ќе биде неопходно храната да стои со денови. Потребни се и средства за хигиена, облека, лекови“, изјави Олександр Урбановиќ- – Претседател на Здружението на Украинците
Владата на Република Македонија на 30 седница го задолжи Министерството за финансии да обезбеди средства во износ од 120 милиони денари за организација и обезбедување хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните на Украина кои како бегалци ќе дојдат кај нас. Студентскиот дом Пелагонија беше подготвен, но досега таму не е згрижен ниту еден украински државјанин. /Алсат.мк
Еви Шкопи