Речиси и да нема човек кој не сака топло чоколадо, особено кога станува збор за студените денови.

Доколку и вам ви се допаѓа овој чоколаден пијалок, ви предлагаме да го направите според овој едноставен рецепт, кој ќе успее за секого.

Состојки:

30 грама чоколадо за готвење
1 лажица какао во прав
2 дл млеко
30 грама шеќер
шлаг (по избор)
малку сол

Подготовка:

Во мало тенџере измешајте ги чоколадото, какаото и 1 дл млеко и мешајте на тивок оган додека не се растопи чоколадото. Потоа додадете го останатото млеко и малку сол и продолжете со мешање.

На крајот додадете шеќер, и кога чоколадото ќе стане густо, истурете го во чаша. Украсете со шлаг по желба.