Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски соопшти дека неговата партија победува во најмалку 26 општини.

Меѓу општините каде што СДСМ води во Град Скопје со околу 10.000 гласови, во Центар, Карпош, Струмица, Куманово, Дојран, Долнени, Шуто Оризари и уште дваесетина општини.

Николовски за прославата на Христијан Мицкоски му порача “Кочи Мицко” и додаде дека има втор круг, а СДСМ, рече тој го има најголемиот коалиционене капацитет.

Николовски рече дека не е точно дека ВМРО ДПМНЕ победува во Битола, туку таму ќе има и втор круг. Исто така порача дека заедно со кандидатот на ЛДП, коалицијата имаат подобар резултат од ВМРО ДПМНЕ и нивната коалиција.