Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кирил Николовски си замина од Кожув и кариерата ќе ја продолжи во друга екипа.
Искусниот крилен центар беше член на Кожув од почетокот на оваа сезона и настапуваше во одлична форма.
На 12 натпревари, просечно постигнуваше по 18,7 поени, 8,2 скока и 1,3 асистенции со просечен индекс од 22,5, втор највисок во екипата, зад Чаз Вилијамс.
Во гевгелискиот прволигаш дојде од Работнички чиј член беше претходните четири години.