Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше одличен настап на гостувањето кај Сан Антонио каде го предводеше Денвер до победа од 127-112.
Денвер доминираше во текот на целиот меч, на почетокот од последниот период имаше и водство од 32 поени разлика, на крајот победија со 127-112.
Никола Јокиќ беше главен на мечот, постигна 35 поени, имаше 17 скокови и 8 асистенции, Хауард реализираше 21, Морис 19, во составот на Сан Антонио Вокер постигна 16 поени.
На останатите средби беа постигнати следнит конечни резултати:
Резултати:
ЛА Клиперс – Орландо 106:104
Вашингтон – Јута 98:123
Кливленд – Сакраменто 117:103
Мемфис – Хјустон 113:106
Мајами – Чикаго 118:92
Филаделфија – Голден стејт 102:93
Сан Антонио – Денвер 112:127