Фудбалерите на Манчестер Јунајтед дојдоа чекор поблиску да им надоместат на своите навивачи за сета болка и страдање што им ја нанесоа оваа сезона кога е во прашање Премиер лигата.

Клубот од „Олд Трафорд“ моментално се наоѓа на 15-то место, во еден момент беше дури и прашање дали ќе останат во елитата, но некако се извлекоа, па сега преку финалето на Лига Европа против Тотенхем имаат можност да ја освојат Лигата на Европа.

И не само да го освојат европскиот трофеј, туку и да обезбедат учество во Лигата на шампионите следната сезона, што би било неверојатна инјекција за гигантот што се сопнува.

„Тоа е она што особено не’ мотивира. Не се работи само за трофејот, дури ни парите што доаѓаат од пласманот во финалето на Лига Европа или неговото евентуално освојување, туку тоа би било доказ дека сме на вистинскиот пат кон закрепнување на клубот и дека следната година ќе се натпреваруваме во европската елита. Тоа би било фантастично“, вели тренерот, Рубен Аморим.

Португалецот истакнува дека неговите играчи покажале многу повеќе добри работи од нивните ривали во реваншот од полуфиналето против Атлетико Билбао, но признава и дека има многу на што треба да се работи.

Во слична ситуација како Манчестер Јунајтед е и Тотенхем кој е дури една позиција подолу на табелата во Премиер лигата, па тимот од Лондон ќе има ист мотив како Манчестер Јунајтед.

„И Тотенхем има тешка сезона зад себе. Имаат и повредени играчи, но секако дека сакаат да го освојат трофејот исто како и ние. Имаме доволно време до 21 мај и финалето во Шпанија да се подготвиме и да видиме дали можеме да го освоиме овој важен трофеј“, нагласува Аморим.

Текстот Не се работи за трофејот, туку за пласманот во Лигата на шампионите: Тренерот на Манчестер Јунајтед е свесен што носи победата во Лига Европа е превземен од МАКФАКС.