Откако Владата на Хрватска донесе одлука за доделување на Бејби Лазања 50 илјади евра поради успехот на Евровизија, набрзо стигна и првата реакција на пејачот.
Тој на својот Инстаграм објави дека не може да ги прифати тие пари.
Вели дека има многу на кои тоа им треба повеќе од него, а напиша и на кого би сакал да ги донираат парите.
Неговата објава ја пренесуваме во целост:
„Им благодарам на хрватската Влада за паричната награда од 50.000 евра. Сепак, тие пари не можам да ги прифатам. Би можел да наведам многу причини, но првата, најважна и доволна е што има многу други поединци и организации кому овие пари ќе му бидат многу поголема помош. Го молам г-дин Пленковиќ да донира 25.000 евра во мое име и хрватската Влада на Институтот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“. Понатаму, другите 25.000 евра би сакал да ги донирам на Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација на хематопоетски матични клетки при КБЦ Загреб. Ви благодарам”, напиша тој.