реклама
Пред почетокот на секоја учебна година, жителите Албанци од општина Чашка бараат од основното училиште “Тодор Јанев“ нивните деца да можат да учат на нивниот мајчин јазик, како што им гарантира Уставот, на албански јазик. Неколку години по ред за ова прашање никако да постигнат согласност сите страни бидејќи главната пречка се Училишниот одбор и советот на родители.
Градоначалникот на општината Горан Стојановски во изјава за ТВ21 рече дека тој лично се ангажирал за решавање на ова прашање но дека проблемот е во раководството на училиштето од каде не даваат согласност.
реклама
Контактиравме и со директорот на училиштето “Тодор Јанев“, Горан Андовски. Тој вели дека овие ученици имаат и други училишта во близина каде можат да учат, но во училиштето со кое раководи тој, не може да се дозволи следење настава на друг јазик освен на македонски.
Тој вели дека тоа не го дозволува Одборот и советот на родители.
реклама
Од друга страна министерот за образование Јетон Шаќири пред неколку дена рече дека остварил неколку средби со градоначалникот на Чашка, Стојановски и дека се обидуваат да најдат решение во интерес на жителите, но очекува од родителите да достават до Министерството официјално барање за ова прашање. Според него, секој има право да учи на јазикот на кој што сака.
„Неколку пати се сретнав со градоначалникот на општината и се обидувам во фазата на дискусија со него да го разберам прашањето. Во основното училиште каде родители Албанци бараат настава на албански јазик, досега барав родителите да го достават барањето до Министерството, процедурите се во согласност со законот. Мора да се достави до советот на општина Чашка за да помине нивното барање за иницијативата на родителите за отворање на паралелка на албански јазик. И ние ќе дадеме се од себе и ветувам дека се од страна на Министерството е согласно законот, ќе се даде дозвола. Јас и градоначалникот на општина Чашка и сите жители таму во времето во кое живееме не треба да не спречуваат секој да учи на јазикот што сака“, вели Јетон Шаќири.
Инаку бројот на ученици Албанци е 72. Дали МОН ќе и даде надлежност на општината за уредување на ова прашање, останува да се види следниве денови.
реклама
Зекирија Хаџиу
реклама