Не зимајте антобиотици за превенција од Ковид-19, апелира Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД.
Антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција, но не и вирусна. Апелираме до граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на корона вирусот ковид-19 на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт, велат од МАЛМЕД.
Агенцијата за лекови и медицински средства согласно своите стратешки цели, а во насока на заштита и унапредување на јавното здравје будно ја следи употребата на антибактериските лекови за системска употреба (антибиотици).
Од почетоткот на пандемијата со ковид-19 евидентирана е зголемена потрошувачката на антибиотиците.
Агенцијата за лекови и медицински средства во интерес на јавното здравје и безбедната употреба на лековите, ги потсетува здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикационото подрачје како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт, реагираат од МАЛМЕД.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.