Не е тајна дека јајцата се полни со протеини, витамини и минерали и се една од најхранливите намирници на планетата. Во светот, просечен човек консумира околу 150 до 200 јајца годишно.
Лушпите од јајцата се направени од 96% кристали на калциум карбонат и се совршено ѓубриво за вашата градина.
1. Природно ѓубриво
Лушпите од јајцата се совршен начин да додадете калциум во вашиот компост. Исклучително брзо се распаѓаат, па не грижете се дали треба да ги мелете или згмечите. Сè што треба да направите е да ги фрлите околу рози или други садници на кои им е потребен калциум.
Зимата е сепак вистинско време да ги „фрлите“ лушпите од јајцата на земјиштето каде што ќе садите цвеќе на пролет.
Ако садите пиперки или домати, задолжително додајте лушпи од јајца и ќе видите како овие растенија напредуваат пред вашите очи.
2. Лушпите од јајцата ќе ги „избркаат“ полжавите од вашата градина
Ако имате проблем со полжавите во вашата градина, само грубо изгмечете ги лушпите од јајцата и наредете ги околу растението. Острите рабови на лушпите од јајцата ќе ги спречат полжавите да стигнат до вашите салати или млади, новозасадени растенија.
3. Контејнери за садење семиња
Бидејќи лушпите од јајцата се распаѓаат многу брзо, тие се идеални за садење семиња во нив. Кога растението ќе никне, едноставно пренесете го заедно со лушпата во градината, на место каде што ќе остане трајно.
Не заборавајте добро да ја измиете лушпата под млаз топла вода, а потоа да направите дупка пред да го посеете семето.