Некои намирници се како создадени едни за други, додека пак одредени комбинации може да доведат до здравствени проблеми, па треба да ги избегнуваме.
Кога е најдобро да се јаде овошје, а што никако не смее да се комбинира со јајца и млеко?
Месо и компир
Оваа популарна комбинација треба да ја избегнувате, затоа што протеините се варат во желудникот, а скробот во тенкото црево. Поради ова месото и компирот значително го забавуваат метаболизмот.
Млеко и други намирници
Млекото е комплетен оброк и со него не треба друго да се комбинира. Но една лажичка мед и чаша млеко е дозволена и препорачлива комбинација против микроби.
Кафе и јајца
Ова е многу лоша комбинација, затоа што полифенолот од кафето го намалува апсорбирањето на железото од јајцата и нивото на калциум во коските.
Зелен зеленчук без скроб и млечни производи
Состојките на зелениот лиснат зеленчук кој не содржи скроб може да го блокираат апсорбирањето на калциум од млекото, затоа наместо со млеко, спанаќот комбинирајте го со бело месо или риба.
Овошје и други намирници
Овошјето е голем извор на витамини и антиоксиданси, но содржи и киселини кои доведуваат до ферментација во желудникот, што може да го забави варењето на другата храна. Освен тоа, за да избегнете надуеност, овошјето конзумирајте го на празен желудник.