Бразилскиот фудбалер Нејмар ќе го напушти Ал Хилал по крајот на сезоната и ќе се врати дома, каде шт ја започна кариерата во Сантос.
Како што пренесуваат медиумите од Бразил, претседателот на Сантос, Освалдо Нико во разговор со нив потврдил дека Нејмар се враќа во татковината.
„Нејмар доаѓа во јуни, ние сме во контакт со него“.
Овој потег би значел враќање на фудбалската ѕвезда во клубот во кој ја започна кариерата уште во 2009 година.
За Сантос одигра 225 натпревари, постигна 136 гола и забележа 64 асистенции. Потоа во 2013 година се пресели во Барселона за 88 милиони евра, а неговиот трансфер ги сруши сите рекорди подоцна, кога четири години подоцна ПСЖ плати за него дури 222 милиони евра.
Тој го напушти Париз во летото 2023 година, кога потпиша за Ал Хилал, кој плати 90 милиони евра за неговиот трансфер и му понуди неверојатна плата од 100 милиони евра годишно.
Сепак, тешката повреда на коленото го оддалечи една година од терените, поради што неодамна се врати на теренот. Тој одигра вкупно шест натпревари на кои постигна еден гол со три асистенции.
Текстот Нејмар се враќа во Сантос е превземен од МАКФАКС.