Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските сили пронашле „најмодерно руско оружје“ за време на претресот на базите на Хезболах во јужен Либан.
Тој изјави за Фигаро дека според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2006 година, само на либанската армија и е дозволено да има оружје во областите јужно од реката Литани во таа земја.
„Меѓутоа, во оваа област Хезболах ископа стотици тунели и засолништа, каде штотуку најдовме количество најсовремено руско оружје“, рече Нетанјаху.
Тој оцени дека нова граѓанска војна во Либан „би била трагедија“.
„Наша цел секако не е да испровоцираме. Израел нема намера да се меша во внатрешните работи на Либан“, рече Нетанјаху, додавајќи дека „единствената цел“ на израелската армија е да им овозможи на своите граѓани кои живеат долж границата со Либан да се вратат во областа и да живеат безбедно.
Текстот Нетанјаху: „Најмодерното руско оружје“ пронајдено во базите на Хезболах во Либан е превземен од МАКФАКС.