Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на Израелските одбранбени сили да „извршат итни и моќни напади во Појасот Газа“, соопшти неговиот кабинет по свикувањето состанок за одговорот на Израел на повторените прекршувања на прекинот на огнот во Газа.

Одлуката дојде кратко откако војниците на израелските одбранбени сили беа нападнати во јужниот дел на Појасот Газа, а во услови на израелски гнев поради понатамошните прекршувања од страна на Хамас, вклучително и враќањето на телата на заложниците, објави „Тајмс оф Израел“.

Останките што Хамас ги предаде на израелските власти синоќа му припаѓаат на Офир Карфати, чие тело беше пронајдено од израелската армија во Појасот Газа во декември 2023 година, помалку од два месеци по неговото киднапирање за време на нападот на Хамас.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека со овој чин Хамас „јасно го прекршил договорот“ што го обврзува да ги врати телата на 13 убиени затвореници кои сè уште се во Газа.

Фото: принтскрин

Текстот Нетанјаху нареди напади врз Газа е превземен од МАКФАКС.