Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше својот министер за одбрана Јоав Галант во понеделникот и го обвини дека усвоил „анти-израелски наратив“, откривајќи длабок раздор на врвот на израелската влада бидејќи Блискиот Исток ризикува да прерасне во регионален конфликт од најширок размер, јавува Си-Ен-Ен.
Израелските медиуми оваа недела објавија дека Галант, зборувајќи со пратениците на приватен безбедносен брифинг, ја отфрлил воената цел на Нетанјаху за постигнување „апсолутна победа“ над Хамас како „глупост“, означувајќи ги оние кои велат дека тоа е остварливо како „херои со воени тапани“.
Од канцеларијата на Нетанјаху возвратија, велејќи дека коментарите на Галант ги загрозуваат разговорите за ослободување на заложниците држени во Газа.
„Кога Галант го прифаќа антиизраелскиот наратив, тој им штети на шансите да се постигне договор за заложници“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.
Понатаму во соопштението, се наведува дека Галант е должен да ги оствари двојните цели на израелската војна во Газа: елиминирање на Хамас и ослободување на заложниците кои Хамас ги заплени во нападите на 7 октомври.
Д. Т.