Десетгодишно девојче од Кичево со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на патот Охрид-Кичево.

„На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С.(60) од с.Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Кичево“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Текстот Несреќа на патот Охрид – Кичево: автомобил удри во 10-годишно дете, со тешки повреди пренесено во болница е превземен од МАКФАКС.