Покрај цената на сместувањето, патувањето, храната, има уште една ставка која сега поскапе доста.
Пари за сместување, патување, екскурзии, дневни трошоци и – за такса за чистење. Оваа последна ставка не треба да се заборави кога станува збор за резервација на одмор. И иако не е новост дека оваа такса за уредување ја бара и личноста од која земате приватно сместување, сепак многумина беа изненадени од моменталните цени, пишува nova.rs.
Искуството покажува дека оваа такса во претходните години, особено на AirBnb беше 10, максимум 15 евра. Сопственикот на сместувањето го бара за апартманот после вас да биде уреден како што бил кога сте влегле и подготвен за нови гости.
Сега еден конкретен случај од Ровињ, како што изјави корисникот на социјалната мрежа Х, покажува дека може да достигне и до 35 евра.
А ако ја прочешлате понудата на AirBnb за хрватското крајбрежје, ќе видите дека просечната такса за чистење сега е нешто повеќе од 20 евра, но има и многу кои бараат повеќе од 30 евра.
Во Црна Гора тие цени се движат од 10 до над 50 евра.
За некои станови оваа ставка воопшто не постои, но немојте да се чудите доколку сопственикот ве извести за тоа подоцна, при резервација.
И додека некои посочуваат дека во се има логика бидејќи луѓето знаат да остават прилично хаос кога ќе излезат од сместувањето, мнозинството се непријатно изненадени бидејќи, како што велат, тоа веќе не е симболичен дополнителен трошок за летување.