

УХМР најавува дека од утре Македонија влегува во портокалова фаза на предупредување од високи температури. Затоа ова е совршено време за диета со лубеница.
Неделно мени за диета од лубеница од 5 дена
Прв ден:
- Појадок: 1 парче лубеница и 1 шолја кафе или чај
 - Ручек: 150 гр говедско месо со 150 гр варен ориз. Засладете се со парче лубеница
 - Вечера: 60 гр сирење, парче леб и парче лубеница
 
Втор ден:
- Појадок: 1 парче леб, 1 шолја кафе или чај и 1 парче лубеница
 - Ручек: 100гр пилешко без кожа, 1 парче леб и 1 парче лубеница
 - Вечера: 100 гр скара риба, 100 гр варен ориз и дури 2 парчиња лубеница.
 
Трет ден:
- Појадок: Како претходниот ден – парче леб, шолја кафе и парче лубеница
 - Ручек: 50гр тестенини со сос од домати и 3 парчиња лубеница.
 - Вечера: салата од свеж зеленчук и лубеница – колку што можете да јадете
 
Четврти ден:
- Појадок: 2 парчиња лубеница
 - Ручек: супа од брокула (секоја супа од зеленчук е добар избор), парче леб и 2 парчиња лубеница.
 - Вечера: 3 средно печени компири и 2 парчиња лубеница
 
Петти ден:
- Појадок: 3 парчиња лубеница
 - Ручек: 150 гр говедско месо и неограничена количина лубеница
 - Вечера: Парче интегрален леб, 60 гр сирење и 3 парчиња лубеница
 
Овој метод на исхрана драстично го намалува бројот на потрошени калории и не треба да се држи долг временски период. За време на држењето на диетата, прескокнете го вежбањето и рекреацијата затоа што веројатно ќе се чувствувате лошо, исцрпено и уморно. Ако забележите дека не ви се допаѓа овој начин на исхрана, запрете го веднаш и не чекајте до петтиот ден по секоја цена. Постојат неколку диети што можете да ги пробате. Можеби диетата со лубеница не е за вас.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
		






















