Претставници на сите 22. премиерлигашки екипи се договорија денеска најсилното англиско фудбалско првенство да продолжи според планираниот распоред и покрај големиот број заразени фудбалери со коронавирус.
Бројката на заразени измината недела достигна рекордни 42 играчи.
Сепак, и покрај влошената епидемиолошка состојба, англиските прволигаши од 26. декември до 2. јануари ќе одиграат две првенствени кола.
Клубовите добија препорака да ги одиграат планираните натпревари доколку на располагање имаат најмалку 13 здрави фудбалери плус голман.
Изминатата недела во Премиер лигата беа одложени шест натпревари поради позитивни случаи на коронавирус меѓу фудбалери, членови на стручни штабови и персоналот на клубовите.