Нема да молчам! Тоа е само една од паролите на протестот кој во 18 часот започна на платото пред зградата на Владата каде уште доаѓаат граѓани кои протестираат поради криминалот со лековите за болни од рак поради што е започната истрага од страна на МВР и Јавното обвинителство.
Планирано е од Владата потоа протестот да се пресели пред Министерството за здравство. Граѓани бараат одговорност и оставки, а пред министерството ќе се повика на одговорност и на актуелниот и на претходните министри за здравство.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.