Палачинките се секогаш добра идеја, а овој пат ќе го збогатиме вообичаениот, веќе добро познат рецепт со свежо сирење, мед и овошје – рецепт во кој сите ќе уживаат.

Без разлика дали за појадок, вечера или како десерт, со палачинки тешко е да погрешите. Лесни се за подготовка, сите ги сакаат, а со нив можете да ги послужите вашите омилени намази, од џем, чоколаден намаз до овошје. Овој пат традиционалниот рецепт заменете го со оваа варијанта со свежо сирење и уживајте во десертот од кој прсти ќе излижете.

Потребни состојки:

170 гр урда
3 јајца
60 гр брашно
60 мл млеко
прстофат шеќер
прстофат сол
Путер
Meд
Бобинки, по желба

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките.

Жолчките лесно изматете ги со миксер, додадете ја урдата и сè измешајте.

Додадете го млекото и прстофат шеќер и мешајте додека се добро не се соедини.

Додадете просеано брашно и добро измешајте.

Во белките додадете прстофат сол и изматете ги додека не се стегнат. Потоа рачно измешајте ги во смесата со жолчките.

Тавата за печење намачкајте ја со путер, фаќајте ја смесата со лажица и печете ја од двете страни.

Печените палачинки послужете ги со мед и бобинки.