Неколку лица загинаа во Финска откако два хеликоптери со пет патници се судрија во воздух и се урнаа, соопшти полицијата.

Според плановите на летот, едниот од хеликоптерите превезувал две лица, а другиот три.

„Во несреќата загинаа неколку лица. Точниот број на жртви и идентитетот на патниците сè уште се утврдуваат“, соопшти финската полиција.

Сепак, естонската јавна телевизија „ERR“ објави дека се верува дека сите пет патници загинале, пренесува ДПА.

 

Хеликоптерите патуваа од Естонија

Несреќата се случила напладне во југозападна Финска. Според истражителите, хеликоптерите патувале од естонскиот главен град Талин до финскиот аеродром.

Истражителите пронајдоа остатоци од два хеликоптери во шумска област северно од Турку. Причината за несреќата останува нејасна. Медиумите објавија дека патниците биле бизнисмени.

Очевидец интервјуиран од финскиот весник „Илталехти“ изјави дека видел како еден од хеликоптерите маневрира и го удрил другиот хеликоптер.

Текстот Неколку мртви во судир на два хеликоптери во Финска е превземен од МАКФАКС.