Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, синоќа изјави дека неговата партија не е задоволна од изборните резултати и дека, според него, треба да се избере нов лидер на СПС.
„Не сме задоволни од резултатот, вклучувајќи ме и мене како лидер на оваа коалиција. Секако дека ќе разговарам со моите колеги од СПС што е најдобро за партијата во наредниот период. Мое лично мислење е дека е неопходно да се најде нов лидер на Социјалистичката партија на Србија“, изјави Дачиќ.
Освен со своите сопартијци, Дачиќ најави дека за ова прашање ќе разговара и со претседателот Александар Вучиќ.
„Не сакам да им нанесувам никаква штета на националниот и државниот интерес. Се разбира, за сето тоа ќе разговараме кога ќе заврши изборниот процес“, додаде тој.