Огромен е интересот кај навивачите на Борусија Дортмунд за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона.
Првиот меч е закажан за среда, на 9. април, во Барселона, а реваншот е шест дена подоцна на стадионот „Сигнал Идуна Парк“.
Клубот од Дортмунд објави дека досега присмил повеќе од 300.000 барања за билети, но на многумина тоа задоволство ќе им биде одбиено.
Капацитетот на стадионот на Борусија Дортмунд е 81.365 гледачи, што значи дека лесно би можеле да распродадат четири стадиони.
Борусија најави дека поради огромниот интерес билетите ќе ги дели преку ждрепка.
За потсетување, минатата сезона Дортмунд играше во финалето на Лигата на шампионите и загуби на „Вембли“ од Реал Мадрид (2:0).
Текстот Незабележан интерес во Дортмунд за гостувањето на Барселона е превземен од МАКФАКС.