Недостатокот на железо може да доведе до разни здравствени проблеми, пишува „Н1“. Иако е важен за нашиот организам, недостатокот на железо е најчестиот недостаток на микронутриенти во целиот свет, а најчести симптоми се замор и промени на кожата.Научниците сè уште се обидуваат да откријат зошто луѓето со сериозен недостаток на железо често копнеат за работи што вообичаено не би ги јаделе – нечистотија, глина, пченкарен скроб, остатоци од боја, картон и средства за чистење.Ноктите можат да кажат многу за вашето здравје. Слабите и кршливи нокти, или нокти со необјаснети длабнатини, може да укажуваат на проблем со железото.Луѓето со недостаток на железо може да имаат одреден тип на пукање наречено аголен хелитис, кој ги зафаќа аглите на усните. Тие испукани агли може да ја отежнат секојдневната комуникација и јадењето.Друг не толку очигледен симптом на недостаток на железо е отечен и чувствителен јазик.
Тој ќе прошири до тој степен што вообичаените испакнатини на неговата површина ќе исчезнат, правејќи го мазен. Отокот може да предизвика проблеми со џвакањето, голтањето или зборувањето.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.