Неизвесноста додека ги чекаме лековите е ужас без крај – пациентите со мултипла склероза во постојана битка за лекови. Ако до пред еден месец, дефицитирен беше само еден лек, сега недостигаат неколку, без кои пациентите со оваа дијагноза се ставени во ризик да им се влоши состојбата. Од Клиниката за неврологија не добивме одговор кога ќе пристигнат неопходните медикаменти за третман на болните со милтипла склероза. А тие, не бараат ништо повеќе, освен редовно да бидат снабдени со лекови од поновите генерации, кои обезбедуваат колку толку квалитетен живот.
Самите пациенти алармираат,кај нас дека им недостасуваат терапии.И не можат да си ги подигнат по редовниот тек и да си ја примаат редовно терапијата.Пациентите се револтирани и разочарани од таа негрижа за нивното здравје” вели Ана Карајнова Димитрушева, претседател на Националното здружение за МС.
Пациентите со МС стравуваат дека состојбата драстично ќе им се влоши ако не ги добијат потребните терапии. Додека здравствените власти си играат топло ладно и не може да ги комплетира тендерите за набавка на лековите.
Ние пак, сме загрижени дека нередовното примање на терапијата може да доведе до активирање на самата болест каде што може да се влоши генералната здравствена состојба” изјави таа.
Статистиката покажува дека од повеќе од 1000 луѓе регистрирани со мултипла склероза на Неврологија, терапија земаат само половина од нив. Останатите болеста веќе ги врзала за кревет и не им помага никаква терапија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.