Во болницата Сант Жирон во Ариеж во Франција на денешен ден пред седум години, на возраст од 86 години починал Александар Гротхендик, кој бил сметан за еден од најголемите математичари на 20-от век.
На Александар Гротхендик во 1966 година му била доделена наградата Фиелдс, еквивалентна на Нобелова награда за математика, но одбил да ја прими во Москва од политички причини.
Во 1988 година кога заминал во пензија, ја добил наградата Крафорд, дотирана со голема парична награда која исто така ја одбил.
Во 1990 целосно се повлекол. Скаран со своите најблиски, семејството и научната заедница се преселил во едно мало село, чие име го криел, скаран исто така со своите соседи, останал отцепен од светот до крајот на својот живот.
На својот универзитет во Монтпелје му имал доверено околу 20.000 страници од своите трудови, кои не се објавени и кои засега никој не се осмелил да ги отвори.