Фудбалерите на Лестер успеаја да постават негативен рекорд во Премиер лигата.

Поразот од Брентфорд (0:4) на стадионот „Кинг Пауер“ беше шести последователен за Лестер без постигнат гол во Премиер лигата. Лестер на овие шест натпревари прими дури 15 гола.

Серијата порази ја започнаа против Вулверхемптон (0:3), па загубија четири меча во низа со резултат 0:2 од Сити, Кристал Палас, Фулам и Арсенал и на крајот од Брентфорд.

Како што стојат работите, Лестер ќе се врати во Чемпионшип, а не е невозможно Руд ван Нистелрој да добие отказ и пред завршувањето на сезоната.

Лестер е претпоследен со 17 бода, иако „Волците“ кои се над линијата имаат само два повеќе.

Текстот Негативен рекорд во Премиер лигата постави Ван Нистелрој со Лестер е превземен од МАКФАКС.