Рускиот експерт, невролог Олга Зинчева, тврди дека мобилниот телефон не треба да се чува во близина на главата. Како што истакна таа за руските медиуми, „човечкото ткиво го апсорбира радиофреквентното зрачење на мобилниот телефон, што може негативно да влијае на здравјето“.
Зинчева додаде дека ефектот на сината светлина што ја емитува екранот на паметниот телефон може да биде штетен за очите и да придонесе за развој на дегенеративни болести. Неврологот наведе други потенцијални нарушувања поврзани со навиката да се спие покрај мобилен телефон:
нарушување на биолошкиот ритам
несоница
главоболка
намалување на функционалноста
проблеми со меморијата
Зинчева исто така посочи дека некои истражувања го поврзуваат присуството на радиофреквентно зрачење на уредот со зголемен ризик од здравствени проблеми, меѓу кои се невролошки и ментални нарушувања.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.