Не е прв пат луѓето на Гугл мапс да видат необични работи, а овој пат се појави нешто што потсеќа на црна дупка, што поткрепа многу терории на заговор.

– Што е ова? Не изгледа ни приближно како остров, напиша еден од корисниците на Реддит.

Поединци мислат дека се работи за тајна нова база. Наводно се работи за тајна локација, која требала да остане цензурирана.

Разочарењето следело подоцна кога се дознало дека на Гугл мапс се работи за остров кој околу себе има густа шума, па изгледа чудно кога се разгледува од далечина.

– Она што е на фотографијата црно, всушност е темно зелено. Се работи за многу густа шума од тропско дрво Писоние, напишал еден од корисниците на Реддит.