Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Изминатата ноќ ја обележаа кошаркарите на Голден стејт Вориорс кои во победата над Портланд постигнаа 157 поени, 55 од нив во првата четвртина. Источната конференција ја освоија кошаркарите на Милвоки Бакс. Јанис и тмот допрва ќе го добијат противникот во плеј-офот. Истото важи и за Бостон Селтикс.
Торонто Репторс ќе ги пречекаат Чикаго Булс, додека Мајами Хит оди кај Атланта Хокс, победникот ќе игра за седмото место, а поразениот се натпреварува со победникот од првиот споменат дуел за осмото место.
Кој и да триумфира и да биде осми ќе има судир со Милвоки Бакс, додека седмопласираната ќе игра против Бостон Селтикс, што значи дека третопласираната Филаделфија за противник го доби Бруклин Нетс, Кливленд Кавалирс ќе се пресметаат со Њујорк Никс.
На Западот, Оклахома Сити Тандер игра против Њу Орлеанс Пеликанс, победникот против подобриот од дуелот Лос Анџелес Лејкерс-Минесота Тимбервулвс ќе се бори за седмото место, поразениот ќе игра за осмата позиција.
Тоа значи дека осмопласираната екипа оди во Денвер, седмопласираниот за прптивник ќе ги има Мемфис Гризлис.
Третопласираната екипа е Сакраменто Кингс и во првата рунда ќе се сретне со актуелните шампиони Голден Стејт Вориорс. Конечно, го имаме можеби најинтересниот дуел од првото коло од плеј-офот, Феникс Санс против Лос Анџелес Клиперс.