Кошаркарите на Голден Стејт го задржаа водечкото место во Западната конференција во НБА лигата, совладувајќи го синоќа Кливленд на гостински терен со 104-89, иако беа на прагот на пораз.
Домашната екипа влезе во четврта четвртина со предност од 13 поени разлика, но последните 12 минути Голден Стејт ги реши во своја корист со дури 36-8, предводен повторно од Стив Кари, кој 20 од вкупно 40 поени ги уфрли во завршниот период.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу четвртокот и петок:
Кливленд – Голден Стејт 89-104
Мајами – Вашингтон 112-97
Мемфис – ЛА Клиперс 120-108
Минесота – Сан Антонио 115 90
Детроит – Филаделфија 89-103
Јута – Торонто 119-103.