Џенифер Лопез доживеала непријатен момент за време на турнејата во Турција. 56-годишната пејачка и актерка сакала да ја посети продавницата на Шанел во Истанбул, но обезбедувањето ја спречило бидејќи веќе имало многу луѓе внатре, пишува „Türkiye Today“.
Пејачката не направила драма, туку само рекла: „Добро, нема проблем“ и си заминала.
Вработените во продавницата наводно подоцна ја поканиле назад кога ја препознале, но наместо тоа таа отишла во други продавници за луксузна мода.
Посетата на продавницата на Шанел во Истанбул се случила непосредно пред нејзиниот настап во тој град. Таа моментално е на крајот од турнејата „Up All Night: Live in 2025“, која завршува на 12 август во Сардинија, Италија.
Посетата на Истанбул беше нејзин втор пат во Турција за време на турнејата. На 23 јули таа настапи во хотелот „Регнум Карја Ризорт“, а денот по концертот таму го прослави својот роденден, пишува медиумот.
Кога Џенифер ќе се врати во САД, веројатно ќе биде зафатена со подготовки за објавувањето на „Kiss of the Spider Woman“. Мјузиклот, напишан и режиран од Бил Кондон, премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“ во јануари, а во кината ќе се прикажува од 10 октомври.
Новиот филм е базиран на мјузиклот од Теренс Мекнали, Џон Кандер и Фред Еб, кој е инспириран од романот на Мануел Пуиг од 1976 година. Диего Луна и Тонатиух Елизарарас ги играат затворениците Валентин и Молина, додека Лопез ја игра Ингрид Луна, филмската дива која Молина ја обожава.
Фото: принтскрин
Текстот На Џенифер Лопез не ѝ било дозволено да влезе во продавница во Истанбул, обезбедувањето ѝ го блокирало патот е превземен од МАКФАКС.